Глодање - Сечење - Стругање - Правење навој
Нашите техники

ДА РАБОТИМЕ ЗАЕДНО
Ве молиме слободно контактирајте не. Ние ќе ве контактираме што е можно поскоро. Или само јавете ни се сега.



Глодање
Глодање е машинска техника која остранува материјал, честици и струготини. Нашата CNC – управувана машина се состои од две подвижни маси кои се погодни за прецизно бушење или правење навој на парчиња.
Глодаме секаков вид на лиени парчиња, лимови цевкти итн. Има разновидни методи на глодање: грубо глодање, глодање на шлицови, отсекување и сл. Метод на ладење кој што се користи во глодањето зависи од материјалот кој што се обработува. Металот се лади користејќи органски или синтетички разладувач.
Сечење
Нашите CNC – управувани машини сечат цевки и профили (аголни профили L – профили и сл.) екстремно брзо и прецизно.
Можеме да сечеме голем број на цевки и профили во исто време, со што се заштедува време и пари. Системот за автоматско водење и отстранување резултира во значителни заштеди на трошоците.
Стругање
За оваа техника, глодалото има хоризонтално или вертикално движење, додека делот ротира. Нашиот CNC- управуван струг е способен да обработува лим, лиени парчиња и цевки со точност до 0,01мм.
Стругањето е најбрзата техника за производство на кружни парчиња како што се осовини, цевки и сл. со одлична точност.
Правење навој
Правење навој е врежување во веќе исечена дупка. Ние правиме метрички навој со големини од М3 до М16.
За врежување ние користиме пробивачката машина или CNC – глодалка, или на специјализирана машина за навој.
